Квартетот „Бонд“ пристигна во Македонија

По пристигнувањето во Скопје, на членките на британскиот квартет Бонд добредојде им посакаа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, и организираа прошетка низ објектот на „Стариот театар“.

bond_vo_Skopje-kanceska-milevska

Прв пат сме во Македонија и во Скопје и воодушевени сме од градот, од неговата убавина и од културата и историјата, и за тоа како театарот е реконструиран. Го очекуваме со нетрпение нашиот настап во Охрид и се надеваме дека тоа ќе биде еден од многуте кои ќе следат во Македонија, вели една од девојките.

На концертот ќе изведат нумери од сите нивни албуми, а една ќе изведат специјално за македонската публика. Станува збор за композицијата „Александар Велики“, која е од нивниот прв издаден албум. Појаснуваат дека нумерата е на предлог на нивниот продуцент, чија сопруга е Македонка по потекло.

Прашани што мислат за тоа што ги споредуваат со поп составот „Спајс грлс“, велат дека тоа им годи.

Тоа е забавно. Ние сме четири девојки кои добро се забуваат и секоја има посебен карактер, како и спајс-девојките. Работиме нешто ново, на нов иновативен начин и голем комплимент е кога ве споредуваат со Спајс грлс, бидејќи многу ни се допаѓаат, велат „Бонд“-девојките.

Во моментов работат на нивниот нов албум, а им претстојат и број настапи. Министерката Канческа-Милевска, покрај желбите за успешен настап и повторни средби со Македонија, им подари филигранска пеперутка.

Членките на светски познатиот гудачки квартет „Бонд“ вечерва ќе одржат концерт на фестивалот „Охридско лето“.

You May Also Like