Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вечерва (вторник, 20.8.2013 година) во 20 часот во Македонската опера и балет ќе се обрати пред почетокот на концертот на младинскиот оркестар на Европската Унија.
Концертот на амбасадорите на културата на ЕУ кој е во организација на Дирекцијата за култура и уметност со поддршка на Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ во Скопје, е дел од манифестацијата „Скопје се сеќава“ и одбележувањето на 50 години од скопскиот земјотрес.