Канческа-Милевска се сретна со младата виолинистка Ева Богоевска

Настапот на Ева Богоевска во Санкт Петербург, која е добитник и на многу државни и меѓународни награди, беше поддржан од Министерството за култура …

eva bogoevska kanceska milevska 3

Петнаесетгодишната виолинистка Ева Богоевска, која на 6 ноември беше прогласена за победник и го освои „Лауреатот од прв степен“ на реномираниот Меѓународен фестивал за музика „Сребрен камертон“, кој се одржа во Санкт Петербург, денеска беше примена од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. На средбата присуствуваа и Јован Бицевски, директор на училиштето „Илија Николовски-Луј“; Ана Кондратенко, виолинистка во Македонската филхармонија и професор на Ева, и Марјан Катароски, директорот на Фестивалот „Езерски бисери“.

Настапот на Ева во Санкт Петербург, која е добитник и на многу државни и меѓународни награди, беше поддржан од Министерството за култура. Канческа-Милевска изрази благодарност до Ева за сето она што таа го направила во изминатиот период за промоција на македонската култура и уметност.

eva bogoevska kanceska milevska 2

– Ева е голем уметник, нејзиниот уметнички пат го следам уште од помладите години. Навистина ми е драго што Министерството за култура го препозна уметничкиот вредносен капацитет на Ева Богоевска – истакна Канческа-Милевска и изрази уверување дека уметничката вредност што ја поседува и од година во година ја гради Ева Богоевска, и за неа и нејзиното семејство многу ќе значи, а особено за државата.

Таа посочи дека на последниот натпревар, кој се одржа во Санкт Петербург, Ева ја понесе првата награда што е од огромна важност за промоција на македонската уметност.

eva bogoevska kanceska milevska 1

– Ева на голем број настани освои многу вредни награди. Даваме поддршка и на голем број други уметници кои се талентирани. Соработката со Средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“ и со Факултетот е многу значајна со цел она што е најдобро и највредно, да се најде во оркестрите на нашите национални ансамбли. До крајот на годинава ќе се вработи голем број уметнички кадар во институциите кои се многу значајни за културата на државава – рече Канческа-Милевска.

Виолинистката Богоевска истакна дека била многу среќна кога го добила лауреатот на престижниот натпревар во Санкт Петербург.

– Бев горда и за себе, а, секако, и за мојата земја. Среќна бев што успеав да ја оправдам довербата на сите оние што ме поддржуваа и веруваа во мојот успех, особено на Министерството за култура кое го поддржа настапот и ми овозможи уште еднаш да и донесам победа на Македонија. Се претставив со делата „Варијации на традиционална тема за соло виолина“ од композиторот Живоин Глишиќ и „Цигански напеви“ од Пабло Сарасате – рече Богоевска, која посочи дека добила големи пофалби од жирито за нејзиниот настап.

You May Also Like