Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денес (четврток, 25 октомври) ќе присуствува и ќе се обрати на 8-та Министерска конференција за културно наследство во Југоисточна Европа, која на вчера и денес во Софија, Бугарија, се одржува на темата „Нематеријалното културно наследство и одржливот развој“.
Покрај министрите за култура на земјите од Југоисточна Европа, гостин на овој значаен настан ќе биде и г-ѓа Ирина Бокова, генерален директор на УНЕСКО, со која министерката за култура Канческа-Милевска во текот на утрешниот ден ќе оствари и билатерална средба.
Во фокусот на 8-та Министерска конференција ќе биде подобрувањето на регионалната соработка за заштита на нематеријалното културно наследство во Југоисточна Европа, ќе биде поздравено отворањето на Регионалниот центар за нематеријално културно наследство, кој во Софија функционира од февруари годинава, а ќе бидат поздравени и различните регионални активности започнати во ЈИЕ од Генералниот директор на УНЕСКО, во рамките на новата глобална иницијатива, „Култура: Мост за развојот“.
Во рамките на конференцијата се очекува да биде донесена и заедничка декларација на министрите за култура на Југоисточна Европа за „Нематеријалното културно наследство и одржливот развој“.