Канческа-Милевска му подари икона на оперска легенда Хворостовски

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во рамките на коктелот по свеченото отворање на фестивалот Охридско лето на руската оперска легенда Дмитри Хворостовски му подари икона со приказ на ангелот од Курбиново, изработена од монасите во манастирот Зрзе.

kanceska-milevska hvorostovskiГостинот, кој на Античкииот театар приреди концерт за паметење, видно изненаден се заблагодари за подарокот и истакна дека е среќен што добил дел од македонското културно наследство. Во рамките на неговиот престој во Охрид слушна многу за вековната историја и вети дека повторно ќе дојде да ужива во , како што рече, овој прекрасен град.

Македонската публика е многу топла, пријателска, бев многу возбуден што пеев на оваа прекрасна сцена, возбуден од сета ова убавина што ме опкружува. Бевме благословени и со прекрасно време. Многу сум среќен што дојдов. Не ми требаше многу за да прифатам да дојдам на фестивалот. Сигурно пак ќе дојдам и ќе го донесам целото мое семејство овде – рече по концертот Хворостовски.

kanceska-milevska ohrid1

Диригентот Константин Орбелиан пак од македонската министерка за култура Канческа Милевска доби сребрена пеперутка во рамка, копија на оргиналната пеперутката од филигран, препознатлива за Македонија.

You May Also Like