Канческа-Милевска во работна посета на Дебар и манастирот Бигорски

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денес (четврток, 4.7.2013 година) ќе оствари работна посета на Дебар каде ќе се сретне со градоначалникот на оваа општина Ружди Љата.

Во рамките на престојот на Дебар, Канческа-Милевска ќе ја посети и НУ Центар за култура, каде во изминатиот период беа реализирани повеќе проекти, меѓу кои и реконструкцијата на влезното плато пред објектот, а од неодамна профункционира и киното.

Во 10,30 часот во Центарот за култура предвидени се изјави за медиумите.

Канческа-Милевска во текот на денешниот ден, заедно со стручните екипи од Националниот конзерваторски центар, ќе го посети и Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, каде во завршна фаза е реконструкцијата на Стариот конак кој во 2009 година беше опожарен.

Во 12.30 часот во Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“предвидени се изјави за медиумите.

You May Also Like