Канческа-Милевска во работна посета на Штип

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денес (среда, 3.7.2013 година) ќе престојува во работна посета на Штип каде ќе оствари средба со градоначалникот Илчо Захариев и со директорите на националните установи од областа на културата во овој град.


Во рамките на посетата  министерката Канческа-Милевска заедно со градоначалниците на општините Штип и Карбинци ќе го посети археолошкиот локалитет „Баргала“ каде за прв пат по 45 години е воведена електрификација.

Во 11:00 часот на археолошкиот локалитет „Баргала“ предвидени се изјави за медиумите.

You May Also Like