Канческа-Милевска во работна посета на Гевгелија

Министерката Канческа-Милевска утре (недела, 18.8.2013 година) ќе престојува во работна посета на Гевгелија каде во 10 часот ќе оствари средба со градоначалникот Иван Франгов заедно со директорите на Народниот музеј од Гевгелија, Емил Сламков и на НУ „Завод за заштита на спомениците на културата и музеј“- Струмица, Васил Георгиев.

kanceska-milevska-stip-bargala1

Во рамките на посетата министерката Канческа-Милевска заедно со градоначалникот Франгов и со директорите Сламков и Георгиев во 10:30 часот ќе го посетат објектот на Градската библиотека „Гоце Делчев“ каде во тек се конзерваторско – реставраторски работи на фасадата на овој значаен споменик на културата.

Во 11 часот во близина на граничниот премин „Богородица“ на македонско – грчката граница ќе биде отворена и специјализирана продавница за продажба на сувенири.

Предвидени се изјави за медиумите пред библиотеката „Гоце Делчев“ и по отворањето на сувенирницата.

You May Also Like