Канческа-Милевска во посета на општина Градско

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска (16.9.2013) ќе престојува во работна посета на општина Градско каде што ќе се сретне со градоначалникот на оваа општина, Жанета Чаушевска.

Во 16.30 часот Канческа-Милевска и Чаушевска ќе го посетат Домот на културата „Крсте Петков Мисирков”, а потоа и црквата „Богородица“ во манастирскиот комплекс „Свети Архангел Михаил” во село Горно Чичево, која се наоѓа на 6 километри оддалеченост од Градско.

Црквата посветена на Богородица е изградена во 1861 година од страна на Андреј Дамјанов, ја живописале зографите Адамче Зограф, Дичо Зограф и зографот Костадинов, а поради своето значење, во 1981 година е прогласена за споменик на културата.

You May Also Like