Камерното дуо виолончела Котевски – Пејиќ на Бит Фест

Во недела во 20.30 часот во Пациото на Завод и Музеј во Битола ќе се одржи концерт на камерното дуо виолончела Котевски – Пејиќ.

Kotevski_Pejic_lice (1)

Александар Котевски е роден во Битола во 1980 година. Своето музичко образование го започнува на 14 години и благодарение на неговата талентираност само по 6 месеци освојува втора награда на Државниот натпревар во 1995 година, а во 1997 година освојува втора награда на натпреварот во камерна музика. После завршувањето на средното музичко училиште во Битола, се запишува на Факултетот за музички уметности во Скопје каде што дипломира и магистрира. Зад него се голем број успеси, а во моментот е уметнички директор на Македонската опера и балет, а ја води и групата за виолончела при МОБ.

Божидар Пејиќ настапува како солист со оркестрите на Македонската филхармонија и Македонската опера и балет. Освен со музицирање Пејиќ 20 години се занимава и со педагошка дејност како професор во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ во Скопје.

Во рамките на нивната програма во недела на БИТ ФЕСТ се вбројуваат дела на F.A Krummer, J.S Bach, A. Piazzola, A.G. Villoldo, K. Gardel.

Во недела во 21.00 часот во Културниот центар Магаза ќе се одржи концерт на етно музика „Tomas Kocko and Orkestra” од Република Чешка, а во 22.00 часот на летната сцена Тумбе кафе битолчани ќе се забавуваат со рок концертот на „Промашена инвестиција“.

You May Also Like