Како да одгледаш еден иден музичар?

Неколку идеи со кои полесно, децата ќе ја засакаат музиката… Ако сакате вашите деца да ја ценат и сакаат музиката, не е потребно да бидете музички виртуоз, за да им ја разбудите љубовта кон музиката. Едноставно е потребно да создадете атмосфера за една љубов (музиката), која може да трае цел живот.

Пејте песни заедно

Запејте заедно со вашето дете, колку што можете почесто. Може да пеете придружени од радио, телевизор или компјутер… И воопшто не е важно дали ќе пеете како вистински оперски, поп или рок пејач. Нај основните детски песнички, кои може да ги најдете на јутјуб или да си ги купите се исто добар почеток. Тоа што заедно го правите е знак за детето дека тоа нешто е добро.

Ако не сте по пеењето, не давајте коментари како… – „Не можам да пеам со тебе сине/ќерко“ или „Ова е тешка комозиција, неможам да го следам ритамот…“ и.т.н. Вашата цел е да развиете позитивен однос кон музиката, а не да го научите да биде музички критичар. Децата, по природа сакаат да пеат, а таа желба е поголема кога и родителот е вклучен.

Пуштајте музика секојдневно

Пуштете си музика, во секој убав момент за вас. Наместо телевизор, почесто пуштајте го радиото или омиленото це-де. Направете таква атмосфера дома, што музиката ќе биде составен дел од вашето секојдневие, а со тоа детето полесно ќе развие интерес од неа. Ако сакаме да го научиме да чита… читаме заедно. Исто е и со музиката.

Слушајте различна музика

Малите деца се интересираат од секаков тип на музика- џез, класика, рок, латино, поп, народна и.т.н. Кога слушате различни правци и стилови, вие создавате една стимулирачка средина… Дом, исполнет со секакви звуци и мелоси, од различни култури, инструменти, јазици и ритам.

Исто така, колку порано детето ги запознае различните правци, толку продобро. Кога децата пораснат, накај 7-8 год. тие обично сами си одбираат свој омилен правец (стил) и почесто го слушаат само него. Така ќе знаат да направат подобар избор.

Игра „Недовршена песничка“

Испејте ги првите неколку редови од позната за детето песничка, например  За сите деца… и сопрете. После замолете го детето да ја доврши.

Одете заедно на концерти

Кај нас има добар избор на настани поврзани со музика, балет и опера, фестивали и др. За да бидете во тек со сите настани следете ја нашата страна… Трудете се да одите на места кои вашето дете ќе сака да ги посети. Погодни се концертите на отворено, особено во топлите месеци од годината.

Слободно може да отидете со цела фамилија. Ако му е досадно, едноставно напуштете го настанот и наредниот пат одберете нешто што ќе го натера да седи до крајот. Нема ништо подобро од тоа, целото семејство да се собере и забавува на еден оригинален начин- преку музика.

Свирете на музички инструмент

Вистински или само како игра, тоа нема значење. Речиси секој предмет од кујната може да се претвори во музички инструмент. Ако не се сеќавате како, прашајте го детето, тоа знае најдобро 🙂

Направете си домашни концерти, особено ако дома имате пијано, гитара, труба или др. муз. инструмент. Кога малку ќе порасне, веќе може да го запишате на музички курс. Не е правило дека мора да стане музичар, важно е да развие осет за добра музика и општа култура. Зошто во животот, еден вкус носат француските шансони, грчкото сиртаки, италијанските канцони и староградските песни од Македонија…а друг, сосема различен вкус носи турбофолк музиката.

Играјте

Музиката и танцот, се две поврзани нешта. Тешко некој да сака да игра, но да не ја сака музиката. Децата по природа сакаат да играат многу, уште додека се мали, дури непроодени, знаат да го фатат ритамот 🙂 … Во исто време, вие ќе  може да се размрдате, а веројанто и развеселите. Движењата помагаат за развој на баланс, координација, чуство за ритам… Скокањето и плескањето се раце, понекогаш е доста забавно и заразно. Пробајте, ќе се уверите.

Л.Ѓ.

You May Also Like