Изложбата што ќе биде отворена утре (среда, 16 мај) со почеток во 19:00 часот во галеријата „Ел Греко“, е дел од интернационалниот ликовен караван „Сета таа убавина“.
Македонски уметници кои учествуваат на скопската изложба се: Свето Манев, Татјана Манева, Коле Манев, Константин Качев, Симон Апостолски, Оливера Велкова. Љубка Кирилова е скулптор од Бугарија, а ќе бидат претставени и дела од неколку уметници од Србија.
Изложбата „Жената – најфината творба на природата“ по Скопје ќе биде поставена и во Белград, Нови Сад, Њујорк, Бостон и Детроит.

