По повод одбележувањето на 50 – годишнината од скопскиот земјотрес од 1963 година, француската уметничка Léa Promaja, ќе организира изложба која ќе се одржи денеска (26 – ти јули, петок).
Проектот со наслов „Гласот на земјотресот“ е замислено да претставува аудио документарец, кој ја истражува состојбата на колективна меморија на граѓаните од различни генерации од денешно Скопје. Во форма на подвижна инсталација, изложбата ќе го пропатува главниот град, создавајќи спонтан контакт со случајните минувачи каде било во градот.
Уметничкиот настан се организира како независен проект, во чија реализација учествуваа и група професионалци од Македонија и од Србија. Подвижната инсталација ќе има неколку главни точки за средба и тоа преку ден, ќе почне во Паркот „Жена – борец“ на платото пред ГТЦ, со почеток од 11 часот.
Настанот ќе продолжи во 20.30 часот на чешмата во малиот парк до хотел Бристол и во 22 часот пред џамијата кај Чифте амам во Старата скопска чаршија.