Вечерва (четврток, 8 август 2013 година) од 20.00 часот во галеријата од ЦК “Марко Цепенков” ќе биде отворена изложба на фотографии од Илија Узуноски, уметник кој живее и работи во Австралија.
Узуноски на изложбата во Прилеп ќе се претстави со 30 фотографии на тема “Апстракции”. Изложбата е дел од манифестацијата Прилепското културно лето.
——————————————————–
Илија Узуноски е македонски уметник кој работи во Австралија. Дипломирал на Машинскиот факултет во Скопје. Апсолвирал на постипломски студии на Градежиот факултет во Скопје. Работел како главен проектант во проектантско биро, а потоа како директор на градежна фирма во Битола. Крајот на 1987 емигрира во Австралија. Во Сиднеј го продолжува образованието во друга насока. Се запишува на Колеџ за фина уметност, група фотографија. По завршувањето на студиите, образованието го продолжува на постипломските студии на истиот универзитет и магистрира на скулптура, а потоа магистрира по втор пат на ликовна уметност.
Илија Узуноски е единствен член од Македонија на Мултикултурната група на уметници “Се е за Вас” во Сиднеј.
Учествувал и организирал глем број самостојни и групни изложби во Македонија, Австралија и други земји во светот.