Изложба „Show your hope“ и кино на отворено во МКЦ

Оваа година, по повод одбележувањето на 50 годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, МКЦ зазема активна улога во иницијативата “СКОПЈЕ СЕ СЕЌАВА”, каде во текот на целата 2013 година, сите културни активности на МКЦ ќе бидат обележани со овој предзнак за сеќавање.

mkc

МКЦ организира и дводневен бесплатен настан (26 и 27 јули) на платото пред МКЦ, како и БЕСПЛАТЕН 24 часовен филмски маратон во старото добро Кино Милениум;

26 јули 2013

Отворање на изложбата SHOW YOUR HOPE (МКЦ Галерија).Почеток: 20 часот

SHOW YOUR HOPE е патувачка изложба, со елементи на изведувачки театар која започнала како комуникациски проект фокусиран на глобалната свест со наслов: “80 Прашања од целиот свет”, како мала пародија на Верновата легендарна книга “Пат од 80 дена околу светот”. SHOW YOUR HOPE е изложба инспирирана од имагинацијата, истражувањата, фантазијата и свесноста за иднината.

Оваа изложба патува повеќе од 10 години низ целиот свет, со помош на впечатлив жолт камион, прикажувајќи повеќе од стотина мали уметнички дела изработени од уметници од целиот свет. Сите овие дела имаат една заедничка нишка – изразувањето НАДЕЖ.

SHOW YOUR HOPE прикажува вербални и визуелни дела, а Г. Мартин Ворбиј, раскажувач и иницијатор на изложбата ја носи присутната публика вербално низ многуте димензии отсликани во делата. Во текот на цела 2013 година како и идната 2014 година, SHOW YOUR HOPE ќе презентира 80 дела од македонски уметници од најразлични генерации со различен израз, каде на свој начин уметниците ќе ја прикажат својата визија за надеж.

Презентацијата во Галеријата на МКЦ ќе ја заокружи оваа селекција на дела на македонски уметници, која во иднина ќе биде искористена како вовед во меѓународната програма.

 

КИНО НА ОТВОРЕНО (МКЦ плато) 

> Скопје ’63 (1964) во режија на Вељко Булајиќ
> Барајќи го Шугармен (2012) во режија на Малик Бендјелоул

(благодарение на Кинотеката на РМ и фестивалот на креативен документарен филм MAKEDOX)

You May Also Like