Во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, на 4 октомври 2011 година (вторник), во 19:30 часот ќе се отвори изложба со дела од Интернационалната кичевска ликовна колонија.
Ова е 18-та по ред ликовна колонија која се одржува во Кнежино – Кичево.
На колонијата зедоа учество дваесетина ликовни уметници од земјава и странство. На изложбата се изложени 50-тина дела во различни техники.
Изложбата ќе биде отворена до 13 октомври 2011.