Изложба на минијатури во Велес на Момчило Аврамовски

Во Ликовниот салон во Велес вечерва (среда, 18 јули) ќе се отвори самостојна изложба на кумановскиот академски сликар Момчило Аврамовски. Тој ќе  се претстави со шеесеттина минијатури изработени во повеќе техники, пресек на неговото севкупно творештво.


Аврамовски дипломирал на ФЛУ во Скопје, на отсекот сликарство кај професор Ристо Калчев. Својата ликовна едукација ја продолжил во Дизедорф и во Ротердам. Член е на ДЛУК и на ДЛУМ. Имал дваесетина самостојни изложби, а учествувал на над сто групни изложби и на голем број ликовни колонии.

You May Also Like