Денеска (понеделник, 22 јули) во 21:00 часот во безистенот во Штип ќе биде отворена изложба на графики од македонски графичари.
Настанот кој е дел од 28-то Штипско културно лето, е поддржан од Општина Штип и НУ Завод и музеј-Штип. Минатиот викенд беше реализирана изложбата на фотографии на Дејан Бошковски и промоцијата на книгата „Раскази под Исарот и вон” од Цвета Спасикова.