Во организација на Фондацијата „Аполонија“ – Гевгелија, на 12 Август во хотелот Аполонија во Гевгелија, со почеток во 21 часот ќе се отвори изложба на MICHAEL CLOSE од Канада.
Сликарското дело на Мајкл Клос ги содржи најстарите симболи употребувани во уметничкото изразување, како што се: триаголникот, цик- цак линијата, брановидната линија, три паралелни линии, кругот, сите овие симболи го содржат во себе праисториското ехо.
Човечкиот лик и делови од човечката фигура надополнети со други асоцијативни форми, во прекрасниот преплет од црвената, зелената, сината, белата и црната линија, доминираат во сликарското дело на Мајкл клос. Се чини дека времето се преплетува низ овие линии и боите раѓаат нови бои и формите раѓаат нови форми. Симболизмот е уште еден начин на изразување во делата на овој сликар.
Мајкл Клос е сликар со македонско потекло роден на 14 Август 1954 година во Торонто, Канада. Во 1977 година се здобива со диплома од Онтарио Колеџ оф арт, една од најстарите и најпознатите сликарски школи ( Академии ) во Канада. Школувањето го продолжува на Универзитетот во Гвелфи Раерсон Политехничкиот институт за Дизајн.
За сите овие години сликарството е неговата преокупација , но исто така долги години работи како дизајнер и сценограф на филм и телевизија. Мајкл Клосе досега има реализирани повеке од 110 самостојни национални и интернационални изложби (Канада, САД, Франција, Германија, Белгија, Турција, Египет, Русија, Соломонските острови, Виетнам.)