Вечерва (10 јуни понеделник), во галерискиот простор на Кинотека на Македонија беше отворена самостојната изложба на Елена Ставреска, со наслов „Семеен патерн – Семејна констелација“.
Се работи за инсталација сочинета од големоформатни уметнички објекти: три дела кои формираат триптих и 64 објекти – коцки. Целта на изложбата е преку интеракција на публиката, од тие 64 коцки да се состави една голема коцка, која симболично ќе ја претставува семејната констелација на уметникот.
Инаку, Ставреска Елена е млад ликовен уметник и ова е нејзина втора самостојна изложба. Дипломирала 2010 година, на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, како најдобар студент во класата на доц. Жанета Вангели. Има учествувано на неколку групни изложби во земјава и во странство, како и на повеќе ликовни колонии.