Изложба на графики и минијатури во Охрид

За прв пат во соработка на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) и Охридско лето на утре (03 август, сабота) во 20:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид во малиот изложбен салон ќе се оддржи отворањето на меѓународната графичка изложба EX LIBRIS.

Desislav GECHEV Bugarija

Меѓународната EX LIBRIS изложба е графичка изложба на која учествуваат 45 автори од повеќе земји од светот како и домашни автори со повеќе од 80-тина дела EX LIBRIS графики минијатури. Изложбата досега беше отворена во галеријата на Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје и во галеријата при Националниот театар во Гевгелија. Поставувањето на ваков вид на графичка изложба од меѓународен карактер е од огромно значење за нашата графичка сцена имајќи предвид дека се работи за реномирани автори – графичари од Аргентина, Бразил, Индија, Словачка, Египет, Србија, Бугарија и Македонија. Добитник на Гранд При на ова прво издание на EX LIBRIS Скопје е Десислав Гечев од Бугарија, со делото „Искушение“.

You May Also Like