Изложба на Беди Ибрахим во Чифте амам

Во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, утре (вторник, 3 септември 2013 година), во 20:00 часот, ќе се отвори изложба на Беди Ибрахим со наслов „Од приказните за амамот“.

bedi_ibrahim_pokana

Творештвото на Беди Ибрахим е постојано истражување и експериментирање на полето на скуплтурата, амбиентот и мултимедијалноста кои се темелат на сопствената традиција и личната историја. Креирајќи нови визуелни изразни можности го гради неговиот индивидуален ракопис и автентична ликовна философија. Неговата уметност е уметност на мислите, еден вид електроенцефелограм преточен во креативна енергија. Деликатниот избор на материјали и неконвенционалната конципираност во реализацијата на делото воспоставува активен естетски однос кон просторот како основа во реализацијата на делото.

Амбиенталната инсталација насловена Од приказните за амамот на Беди Ибрахим во Чифте амам (исламски објект од средината на 15 век, поранешен амам, адаптиран во галериски простор), е сублимат на неговите претходни концепи, т.е. нивно концепциско поврзување. Амамот со својата специфична архитектонска градба и историја претставува предизвик за неговата уметничка и концептуална реминисценција во реализацијата на овој проект.

Куратор на изложбата е Горанчо Ѓорѓиевски и ќе биде отворена до 16 септември 2013 година.

Изложбата ќе ја отвори г-а Халде Палоши, директор на Националната галерија на Македонија.

You May Also Like