Изложба на Афeрдита Кики во Софија

В четврток (5 септември) во 18:30 часот во Kултурно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, ќе биде отворена изложба на уметницата Афeрдита Кики.

aferdita-kiki-1

„Уметноста што ја создава уметницата Афердита Кики плени со силната потреба за ликовно изразување. Едноставно, поседува свој свет на слобода. Со одредени комбинации на линии, боја, јазли, нишки, реси и облици ангажира директно, но и посредно. Кики е уметница со неверојатно изразени фактори на креативност, способност да апсорбира, способност да преобликува, да расчленува и да апстрахира. Оригинална во изразот и сензибилна во забележувањето, нè импресионира со креативната мисла и продлабочената емоционалност; бележења на непредвидливи физички и емоционални активности – апсорбирани чувства и емоции“ – се вели во соопштението.

You May Also Like