Изложба на A.Formati во Скопје

A.Formati за прв пат доаѓаат во Скопје и ја носат својата ретроспективната изложба на постери и сите досегашни публикации, по повод осум години од основањето и четири години од првата публикација.

A.Formati

За сите кои сакаат да дознаат сè за A.Formati и како да станат дел од оваа креативна група, можат да присуствуваат на предавањето на основачот на оваа група Филип Бојовиќ во Concept 37 , кое ќе биде во четврток, 25 јули од 20 часот. Додека отворањето на изложбата е од 21 часот.

A3 - Ideology of Design - Vol.04

Инаку, A.Formati претставува дизајнерско-уметничка платформа посветена на промоцијата на млади автори, преку друштвен активизам, самоиздавашто, принцип на размена и коолаборација во современиот и иновативниот графички дизајн кои се објавуваат преку A3.Format публикации, A4.Knjigama, A5.Brošurama i A6.Fanzinima.

Оваа платформа сочинува преку 600 дизајнери и визуелни уметници од територијата на бивша Југославија и пошироко, што претставува и најголема дизајнерска платформа на Балканот.

Publications

Принципот на работа на A.Formati платформата се состои во прецизно одбрани социјални теми, кои преку јавни конкурси се работат од страна на млади автори на територијата на Србија и бивша Југославија.

Повеќе за A.Formati на нивниот сајт.

You May Also Like