Изложбата “Корени” во галеријата “Робевци” на Драган Гулицовски ќе биде отворена овој петок (23 август) со почеток во 20:30 часот.
Ликовни остварувања на авторот Драган Гулицовски, кој создавал надвор од матичната земја со исклучок на последните две години од животот кои ги поминал во Охрид. По 20 години од неговото заминување, делата за прв пат ќе бидат изложени пред македонската јавност. Повеќето експонати се од последниот негов циклус, инспирирани од убавините на нашиот град, старата градска архитектура и езерото, работени во различни техники.
Отварањето на изложбата ќе се одржи на 23 aвгуст (петок) од 20:30 часот во музејскиот комплекс – Галерија Робевци Охрид , а поставката ќе трае до 5 Септември.