Изложба и концерт на Прилепското културно лето

Прилеп: Изложба и концерт на Прилепското културно лето во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ …

Centar_za_kultura_Marko_Cepenkov

Во рамките на Прилепското културно лето вечер во галеријата на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде поставена инсталацијата насловена „Бос по трње“ од прилепскиот уметник Атанас Атанасоски. Инсталацијата е изработена од вегетација.

Атанасоски досега има повеќе самостојни и групни изложби во земјава и во странство, во Унгарија, Австрија, Словенија, Хрватска.

Во рамките на културното лето, синоќа пред прилепската публика на камената бина на плоштадот „Александрија“ концерт одржаа Културно-уметничките друштва „Анка Ошпух“ од Лудбрег, Хрватска и „Мирче Аценв“ од Прилеп. Се претставија со хрватски и македонски песни и ора.

You May Also Like