Изложба за два часа “Мојот град низ слики”

Во склоп на 51-вите Денови на македонската фотографија, на 6-ти јули, со почеток во 17:00 часот во просториите на ВИП салонот во City Mall, Фото сојуз на Македонија во соработка со ВИП мобилниот оператор ќе го реализира проектот „Изложба за два часа“.

За прв пат Фото сојузот на Македонија организира изложба од овој тип, со цел да покаже дека и современите мобилни телефони можат креативно да се искористат и да снимат  фотографии кои ќе ги задоволат основните технички и естетски критериуми. По двајца фотографи ќе почнат со снимање во исто време – 17ч, во следниве градови: Скопје, Кратово, Тетово, Штип, Охрид и Битола.

Тие своите фотографии, снимени со мобилен апарат, преку 3G технологија ги испраќаат во салонот на ВИП во Скопје, каде што двајца членови на ФСМ ги селектираат пристигнатите трудови на еден монитор. На друг монитор трет член на ФСМ врши обработка на фотографиите и ги подготвува за печатење. Останатите членови на организациониот одбор ги врамуваат фотографиите и ги поставуваат на штафелаи пред салонот. Сето ова ќе заврши до 19:00 часот. Од снимениот материјал, ВИП планира да направи и календар за 2014-та година, каде ќе биде застапен секој од градовите по една страна.

Деновите на македонската фотографија се одржуваат во рамките на манифестацијата „Скопско лето“ 2013 и го претставуваат пресекот на македонското фотографско творештво во тековната година.

Отварањето на изложбата Денови на македонската фотографија ќе биде на 16.јули во 21:00 часот во просториите на Мала станица. А во склоп на манифестацијата, следниот ден, на 17.јули, во просториите на галеријата Остен, во 21:00 часот ќе биде отворена изложбата Бисери на српската фотографија.

Благодарение на напредните карактеристики, достапност, капацитет и брзина на Вип 3G мрежата, фотографиите ќе бидат испратени директно до публиката на изложбата, односно Фото Сојузот на Македонија ќе изврши соодветна селекција и подготовка и веднаш ќе бидат изложени.

Овој настан е одлична можност да се види и доживее моќта на мобилната технологија, овој пат ставена во функција на уметноста. Благодарение на перформансите и можностите на 3Г мрежата на Вип, посетителите на изложбата ќе можат да доживеат поинаква, возбудлива перспектива на својот град претставена преку уметнички фотографии. Верувам дека овој настан ќе биде инспирација за сите оние што бараат нови предизвици и можности за уметничко изразување, изјави Џакомо Тоњони, Главен маркетинг директор на Вип.

Партнерството со Вип во оваа активност претставува одлична можност за промоција на уметничките дострели на нашите членови, но и на можностите што ги нуди напредната мобилна технологија која овозможува неограничена и брза комуникација меѓу уметникот и неговата публика, изјави Боро Рудиќ, Претседател на Фото Сојузот на Македонија.

 

You May Also Like