„Изгубени Германци“ на Охридско лето

На програмата на Охридско лето денеска (недела, 21 јули) во Центарот за култура „Григор Прличев“ –Охрид во 21.00 часот, МНТ ќе ја изведе претставата „Изгубени Германци“ од Дејан Дуковски во режија на Слободан Унковски.

Izgubeni_Germanci_MNT1

Според селекторот Ѓорѓи Јолевски ова е најгледаната претстава во Македонија за оваа сезона и ја носи актерската елита на сцената на Охридско лето.
-Исклучителна претстава на Дејан Дуковски и Слободан Унковски во која играат ѕвездите на Македонскиот театар. Таа го побуди интересот на публиката во Скопје и покажа дека се работи за исклучително квалитетен театарски проект. Во еден месец претставта се играше најмалку шест пати. Затоа решив ова хит претстава од МНТ од Скопје да биде на репертоарот на Охридско лето, изјави селекторот на драмскиот дел на Фестивалот Ѓорѓи Јолевски.

Никола Ристановски, кој по една деценија повторно се враќа на Охридско лето, вели дека охридската публика сеуште ја чувствува како своја.

-Ова е доста свежа претстава, нема поминато цела сезона. Досега се играла на сцената на МНТ , се играше и на Водјан Чернодрински и ова нејзино второ изведување надовер од Скопје. Очекувам со публиката да го споделиме тоа што ние го мислиме и го чувствуваме. Тука сум со една екипа која ми е многу драга и со која одамна не сум работел и со режисер кој исто така не сум работел една деценија. Сите импресии некако ми се поврзани со децениска математика.Охрид секогаш го поврзувам со некои мои почетоци што се однесува до првите златни маски, првите снимања првите филмови, така што имам чувство дека не сум направил толку голема пауза во Охрид. Публиката ја сметам како своја,потенцира Ристановски.

You May Also Like