Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”, во согласност со Законот за државните награди, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда во 2011 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историско наследство на Република Македонија.
1. Во областа на науката и образованието, наградата му се доделува на:
– проф. Д-р Томе Неновски, професор.
2. Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
– Паскал Гилевски, писател и Коле Манев, ликовен уметник.
3. Оваа одлука влегува во сила од денот на донесувањето, а ќе биде објавена во „Службен весник” на Република Македонија.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2011 година (недела) со почеток во 12:00 часот, во Свечената сала на Собранието на Република Македонија.
Претседател на Одборот
за државната награда„23 Октомври”
академик Владо Камбовски