Во тек е конкурсот кој Општина Илинден го распиша за избор на професионална и аматерска фотографија со мотиви од Општината за кој се покануваат сите професионалци, аматери, ученици и вљубеници во фотографирањето да конкурираат согласно со утврдените критериуми.
Од општината Илинден велат: “Ги охрабруваме сите заинтересирани да ги споделат своите фотографски способности и да бидат потенцијални добитници на една од наградите на овој конкурс.”
Критериумите ги содржат следните точки:
• Мотивите на фотографиите да се од Општина Илинден (панорамски фотографии, знаменитости, економски зони, инфраструктура, јавни објекти, манифестации, спортски и културни настани). Испратените фотографии ќе бидат искористени за промоција на Општина Илинден;
• По желба на доставувачот, може да се доставуваат и дневни и ноќни фотографии на кои ќе биде наведена локацијата од фотографијата;
• Доставените, односно пријавените фотографии да се во дигитален jpg или друг формат, со висока резолуција;
• Фотографиите не треба да бидат постари од 1 година;
• Секој учесник може да конкурира со максимум 5 фотографии;
• Сите заинтересирани кандидати заедно со фотографиите со кои конкурираат треба да достават и контакт информации;
• Општина Илинден го задржува правото за свои интерни потреби да ги користи сите пристигнати фотографии;
• Општина Илинден ќе организира изложба за наградените фотографии во домовите на култура во сите населени места;
Ќе се оценуваат фотографии снимени само на територија на Општина Илинден. На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија. Првата награда изнесува 15.000 денари, втората 10.000 денари и третата 5.000 денари.
Конкурсот официјално започна на 24 јули и трае 60 дена од денот на објавување во средствата за јавно информирање, а поднесувањето на фотографии ќе заврши на 21 септември 2013. По завршувањето на рокот за пријавување, ќе се формира специјална Комисија која ќе ги разгледа сите пристигнати фотографии и ќе ги одбере 30 најдобри, кои потоа ќе бидат поставени на фан-страницата на Фејсбук, каде што ќе може да се гласа. Изборот за најдобра фотографија ќе биде според принципот на најмногу гласови од жири-комисијата и гласовите на фан-страницата.
Секој кандидат своите фотографии треба да ги достави на ЦД или да ги испратат по мејл на konkurs@ilinden.gov.mk.
Адресата на која треба да се достават предлог-фотографиите е:
Општина Илинден, Ул.9.бб, 1041 Илинден
Со назнака „за Конкурсот за најдобра фотографија“ Или лично, во Архивата на Општина Илинден.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се обратат на телефонскиот број (02) 2571-703, секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот.