Играта кај децата

Играта за децата е толку важна, колку и љубовта, грижата, надежта. Специјалистите за детски развој сметаат дека, играта е од исклучително значење за умствениот, физичкиот и емоционалниот развој на секое дете.

Така таа е:

-Играта е израз на радост.
-Преку неа, децата ја развиваат својата личност, позитивен однос со другите…
-Играта е клуч кон креативноста и фантазијата. Таа го развива читањето, мислењето, наоѓањето на решенија и сл.
-Играјќи, децата учат да ги контролираат своите емоции, да градат односи со околината, го создаваат својот вредносен систем и чуство за етика.

Играта е основа на учењето, го развива мислењето и способноста на детето да наоѓа решенија. Играта меѓу родителот и детето, е прекрасна можност да се помине времето заедно…

Д-р Едгар Клугман, професор на колеџ во Бостон, САД и еден од најпознатите експерти во истражувањето на ползите од детската игра, ја определува играта вака…

Фукнционална игра: Тоа е игра која се повторува со различни предмети, кои ги развиваат моторните способности кај детето. Добар пример за такви игри се собирање и вадење на различни предмети, полнење, подредување, игри со вода, како и игри на откриено. Функционалните игри се карактерни за најмалите. Обично до 3 год. возраст овој вид на игри, се застапени околу 50%.

Конструктивна игра: Тоа се игрите, со кои детето создава и решава поставени задачи или проблеми. Пример, сите конструктори, сложувалки и разни креативни игри. Околу 50% од активностите на децата меѓу 4 и 6 год. се конструктивни. Преку нив се развива логичната мисла, креативноста, способноста да се носат решенија.

Измислени игри: Преку нив децата влегуваат во различна улога, се трансформираат во измислени ликови на херои. Играта може да биде самостојна или групна. Овој тип на игри е особено застапен во првите класови од училиште… Играта на улоги, помага децата да се изразат слободно за нештата што ги доживуваат. Преку нив се учат да комуницираат со другите, ги развиваат своите социјални способности, јазикот и вредностите.

Игри со правила: Ова се игри кои имаат определени правила. Пример, игрите со топка (фудбал, тенис, баскет), скокање на јаже, ластик, учење песнички или танцување. Овој тип на игра е застапен во училишната возраст. Преку игрите со правила, децата учат за сочувство, тимска работа.

Л.Ѓ.

You May Also Like