Дали сте помислиле, колку е важно, детските паркови и игралишта во градските средини, да бидат креативни? Кај нас, сите тие изгледаат слично …еднолично.
Зошто на пример, наместо лулашки, лизгалки, справи за качување и сл… децата, да не се забауваат со подморница, гигантски пајак, ракета или тројански коњ?
Точно овие прашања ги измачувале хероите во нашата приказна…Ole B. Nielsen и Christian Jensen. И двајцата Данци, попознати како Monstrum– конструктори на едни од нај-впечатливите детски паркови и игралишта, кои можат да се видат. Екипата се формира во 2003, а составена е од луѓе со богато искуство во сценографија и дизајн на настани… нивните проекти личат како декорација за филм. Во работното студио, тие тргнуваат од фактот да констурираат не само елементи, кои ќе бидат користени физички од децата, но и да ја развијат нивната визуелна памет и фантазија.
Основна улога на детските игралишта е да ги развијат моторните способности кај децата, а дизајнерите посветуваат големо внимание, на балансот меѓу тоа, просторот да биде без-опасен а во исто време доволно предизвикувачки за игра.
Во своите проекти Monstrum, сепак ги чуваат основните елементи на детско игралиште, како лизгалки, вртелешки, лулашки… но, така ги дизајнираат, да децата добијат едно ново чувство од играта.
Детските игралишта на Monstrum, досега ги радуваат децата во Данска и Шведска, но планираат да изградат уште многу такви во различни држави.
Еве неколку од проектите на Monstrum:
Чудовиште…долго е повеќе од 10 метри. Главата е место за посматрање, а до таму се стигнува со качување од внатрешна или надворешна страна…
http://www.monstrum.dk/en#/en/
Гигантски кит, со должина од 15 метри и ширина 3 метри…Децата можат да се “мушнат“ во него, преку устата право до стомакот на китот 🙂
http://www.monstrum.dk/en#/en/
Бермудски триаголник…авион, поделен на два дела…лизгалка и лулашка.
Овие симпатични, накривени куќички се поставени во малото гратче, Brumleby, каде околните куќи се исто така, обоени во жолто и бело. Содржат лизгалка, мост од јаже, лулашки…
Гигантски пајак…висок околу 5 метри, тој е вистински предизвик за качување. Во нозете има преплетено јаже-пајажина…а покрај него, растат гигантски печурки и отровна трева…а сето ова, свети навистина впечатливо навечер.
http://www.monstrum.dk/assets/
слики Monstrum
Текст Л.Ѓ.