Вечерва (петок 12 јули) во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, со почеток во 20:30 часот, концерт на пијано ќе одржи младиот Игор Панчевски.
На програмата се дела од Клод Дебиси, Бетовен, Рахмањинов и Скријабин со кои ќе се претстави пред струмичката публика.