Игор Иванов Изи:„Соба со пијано“ е ризичен филм и оди по тенка линија

Вториот игран филм на режисерот Игор Иванов Изи „Соба со пијано“, вчеравечер ја имаше својата светска премиера на отворањето на 34. издание на фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. По премиерата, утрово на прес конференцијата во Центарот за култура во Битола, режисерот Иванов рече дека се чувствува прекрасно.

 

igor_ivanov_izi

 

-Имавме можност да го отвориме фестивалот и добивме исклучително пријатни вибрации и реакции од дел од публиката, рече Иванов.
Сценариото на филмот Иванов го пишувал со Жанина Мирчевска, цели 20 месеци и претрпело дури седум верзии.
-Ова е ризичен филм и оди по тенка линија. Она што е важно е што експериментира со својата структура, нема чудни ракурси. Се работи со клишезирани типови чии приказни се универзални. Одамна размислував околу универзална приказна која нема да има негативни и позитивни ликови и околу апсурдноста на животот, зашто животот е апсурден. Во текстот на Жанина не постои тој балкански неореализам и тоа ме привлече да го работам филмот, рече Иванов.

Томи Салковски кој е во двојна улога, на кинематографер и воедно продуцент на филмот Соба со пијано, на прашањето кој беше главниот предизвик за него во овој филм, посочи дека тоа било со својата камера да ја надгради внатрешната емоција на секој од ликовите.

-Ја користев камерата како алатка да ја избегнам монотонијата што би можела да се појави кога се снима во затворен простор од 25 метри квадратни. Играта со светлината беше голем кинематограферски предизвик и мислам дека направивме квалитетен филм, рече Салковски.

Екипата на Соба со пијано најави дека ќе се најде во селекција за македонски кандидат за Оскар, но конечната одлука на селекторите од Друштвото на филмските професионалци на Македонија, ќе биде објавена на 18 септември.

Освен за новиот филм на авторскиот тандем Иванов-Салковски открија дека работат на филм за браќата Манаки, во кој ќе ги отсликаат сите премрежја на нивните животи и преплетувањето со големите историски настани на минатиот век.
-Тоа ќе биде контроверзен проект, истакна режисерот Иванов.

Соба со пијано е приказ на различни животни судбини доведени на една единствена локација, каде се допрат суштествените аспекти на човечкот постоење. Таа соба е единствениот простор, а краткото време минато во неа единственото време кога ликовите, изолирани од светот и сета хипокризија во него, го живеат она што се тие навистина“. Продуцентот е „Скопје филм студио“.

tomi_salkovski

Филмот на Иванов, кој го потпишува и сценариото заедно со Жанина Мирчевска, е вклучен во главната програма на „Браќа Манаки“ и ќе се натпреварува за златна, сребрена и за бронзена „Камера 300“. Продуцентот и директор на фотографија е Томи Салковски, монтажата е на Владимир Павловски, костимите на Елена Дончева, Ана Булаиќ-Црчек, ја работеше на шминката. Актерската екипа ја сочинуваат: Јовица Михајловски, Фирдаус Неби, Наташа Петровиќ, Дениз Абдула, Игор Стојчевски, Симона Спировска, Васил Зафирчев и Кристијан Торстен Фогес од Германија, Светозар Цветковиќ, Ива Крајнц, Невена Ристиќ, Јагода Кумриќ, Астрит Алихајдарај, Нино Леви и Јана Стојановска. Како специјални гости во филмот се појавуваат и: британските режисери Тони Палмер и Мајк Сарн и уште еден германски актер Ханес Вегенер, додека музиката ја потпишува светскиот пијанист и композитор, музичкиот гениј Чили Гонзалес.

soba_so_pijano(copy)

You May Also Like