Иво Трајков го заврши снимањето на „Размена“

Режисерот Иво Трајков го заврши снимањето на краткиот филм „Размена“ (The Exchange), кој се снимаше на локации во Охрид и во Скопје.

filmski_proektor

Главните улоги во филмот ги толкуваат руската актерка Викторија Мироваја и македонските актери Сашко Коцев и Верица Недеска. Останатите улоги ги толкуваат Петар Мирчевски, Ратка Радмановиќ, Марија Новак, Горан Стојановски.

Продуцент на филмот е Роберт Јазаџиски, кинематографер – Горан Наумовски, сценограф – Кирил Спасески, костимограф – Жаклина Крстевска, а маскер е Горан Игњатовски. Автор на музиката е Тони Китановски, а монтажер Михал Рајх.

Филмот беше сниман со финансиска поддршка од руски инвеститор и од „Кавал филм“. Во реализацијата на филмскиот проект учествуваа филмски работници, автори и актери од повеќе земји: Македонија, Русија, Чешка, Србија и Словенија.

You May Also Like