ЗУМ Шведска, ден на краток и документарен филм, ќе се одржи во Менада, Скопска чаршија,денеска (15 септември, недела) со почеток во 19:00 часот.
ЗУМ Шведска преставува селекција од најновите кратки и документарни филмови, збир од најразлични стилови и пристапи од млади шведски режисери. Селекцијата овозможува запознавање со современата, во голем дел независна и некомерцијална шведска продукција. Понудените филмови генерално не можат да се најдат во комерцијална дистрибуција и затоа ваквата проекција нуди уникатна можност за нивно гледање.
ЗУМ Шведска претставува обид за промовирање на младите шведски уметници/филмски уметници во Скопје и на пошироката македонска публика.
ЗУМ Шведска е организиран од Ljubljana International Short Film Festival (SLO), кој континуирано ја промовира шведската младинска кинематографија во Љубљана, како и во други држави во Европа, вклучувајќи ја тука и Македонија.
ЗУМ Шведска се организира со поддршка на Шведската амбасада во Република Македонија.