Зоран Попоски учествува на уметнички фестивал во Птуј

Македонскиот дигитален уметник Зоран Попоски учествува на меѓународниот уметнички фестивал Артстејс во Птуј, Словенија, кој ќе биде отворен од 24 јули до 1 септември 2013 година.

poposki zoran 6-13

На единаесеттото издание на овој фестивал учествуваат уметници од 26 земји, меѓу кои од САД, Италија, Велика Британија, Белгија, Мексико, Чиле, Кина, итн.

Попоски се претставува со видео делото “Атлас” за кое оригиналната музика ја изработи електронскиот музичар Херцел, кое ќе биде прикажано на првиот дел од фестивалот на голем видео билборд во јавен простор.
Видеото е дел од меѓународниот видео проект „Превод(и)“, кураторски проект на Лоренс Вуд (Велика Британија) и Зоран Попоски, во кое учествуваат десетина уметници од САД, Британија, Австрија, Порторико и Венецуела.

You May Also Like