Здружението „Борка“ домаќин на првите дами на Македонија и Полска

Денеска (10 септември, вторник) од 15: 30 до 16:00 часот, канцелариите на Здружението за борба против рак “Борка- за секој нов ден” ќе го посетат Г-ѓа Маја Иванова сопруга на Претседателот на Република Македонија и Г-ѓа Ана Коморовска сопруга на Претседателот на Република Полска, и двете истакнати хуманистки особено во кампањите за борба против ракот на дојка.

 

borka_logo

Целта на оваа посета е презентација на работата на Здружението Борка и неговите понатамошни активности.

Посетатa на Здружението Борка е дел од дамската програма во рамките на официјалната посета на Претседателот на Република Полска, г. Бронислав Коморовски, кој заедно со својата сопруга ќе престојува во дводневна (10 и 11 септември) официјална посета на Република Македонија.

You May Also Like