Започнува фестивалот на античка драма Стоби

Вечерва (сабота, 13 јули), со почеток во 21.00 часот, на сцената на амфитеатарот на античкиот локалитет Стоби, премиерно ќе се одигра претставата Лисистрата, во режија на Кемал Кочатурк, а во продукција на Градските театри од Истанбул, Република Турција.

stobi2013Цената на влезниците чини 50 денари и истите може да се набават на самиот локалитет, пред почетокот на претставата или во Театар Џинот – Велес.

Програма на фестивалот

13.07 – 21.00 | ЛИСИСТРАТА | Градски театар од Истанбул | Tурција | ПРЕМИЕРА
15.07 – 21.00 | ЖЕНИ ВО НАРОДНОТО СОБРАНИЕ | Народен театар Суботица | Србија
17.07 – 21.00 | ЕВРИДИКА | Драмски театар – Скопје | Македонија
20.07 – 21.00 | ШЕКСПИР ВО ПРИКАЗНИ | Турски театар | Mакедонија

Главната цел на ФАД Стоби е да промовира и создава мултикултурна размена преку промоција на антички текстови и драми. ФАД Стоби има цел да ја доближи античката драма на сите конзументи во автентични антички услови; ФАД Стоби ќе продолжи и со промоција на античкиот локалитет СТОБИ како еден од најстарите и најголемите локалитети во Македонија.

 

You May Also Like