Започнува Тамбурашкиот фестивал во Куманово

Денеска 22 август (четврток) на Градскиот плоштад во Куманово, во 20:30 часот започнува Меѓународниот тамбурашки фестивал.

tamburaski_festival_kumanovo

23 август (петок) во Куманово ќе се одржи “Македонска фестивалска тамбурашка вечер”. На неа ќе биде одбележан 30-годишниот јубилеј на Нино Величковски. Вечерта ќе гостуваат “Кумановски тамбураши”, “То Зорле”(Нови Сад), Октет Куманово, група “Боеми”, Сашко Коцев, Перо Христов, Маргица Антевска.

На 24 август (сабота) ќе се одржи Црногорка фестивалска вечер. Ќе настапат “Звуци са рибнице”, Здравко Ѓурановиќ, Дејан Илиќ.

You May Also Like