Започнува манифестацијата „Крушево етно град 2013“

Вечерва (четврток, 25 јули) на плоштадот „Никола Мартиноски“ во Крушево започнува манифестацијата „Крушево етно град 2013“. Организатор на манифестацијата е Историскиот музеј од Крушево.

Kruševo-Makedonija(copy)

На отворањето ќе настапат културно-уметнички друштва од Прилеп, Демир Хисар, Кривогаштани и Крушево. Градот и Музејот од Крушево со оваа петта манифестацијата го оживуваат духот и обичаите на Крушево во време на Крушевската република.

Целта е да се истакнат традицијата, културата, богатата крушевска и македонска историја преку обичаите, носиите, занаетите, да се запознаат посетителите и туристите со се што е дел од нашето културно богатство, вели Зоран Богески, директор на Историскиот музеј од Крушево.

За време на манифестацијата повеќе од 50 костимирани дуќанџии, занаетчии и граѓани ќе ги оживуваат минатото и традицијата.

По свеченото отворање на „Крушево етно град 2013“, од 22:00 часот во Горно училиште првпат ќе биде одржана премиера на претстава. Ќе биде изведена театарската претстава „Мелодија“ од Леонид Зорин во режија на Јован Ристовски. Во претставата играат Захарија Ангелеска и Михајло Миленкоски, а костимите се на Андреј Ѓорѓиевски. Со ова ќе профункционира и театарската сцена во Крушево.

You May Also Like