Започнуваат „Илинденски денови“ во Битола

Од денеска (29 јули, понеделник) до 1 август во Битола ќе се одржи 43-от Фестивал на фолклорни игри и песни „Илинденски денови“ во организација на Центарот за култура од Битола.

ilindenski denovi poster bitola bitfest

Свеченото отворање, ќе се одржи на Ракометното игралиште в понеделник, 29 јули, со почеток во 20 часот. На свеченото отворање му претходи Семинарот за традиционална музика и игра кој ќе се одржи во Малата сала на Центарот за култура со почеток во 11 часот како и традиционалното дефиле „Со песни и игри низ битолските улици“ кое ќе започне од Саат Кулата во Битола во 18 часот.

ilindenski denovi 2013 borce dimitrovski

На Интернационалната вечер ќе настапат ансамбли од Израел, Турција, Полска и Бразил. Таа ќе се одржи во неповторливиот простор на античкиот локалитет Хераклеа, на 1 август со почеток во 20.30 часот.

Фестивалот ќе биде затворен со концерт на Ансамблот на народни песни и игри на Македонија „Танец“ од Скопје.

„Илинденски денови“ се одржува со поддршка на Министерството за култура и е во рамки на Битолското културно лето „БитФест“.

ilindenski denovi 2013  2

ilindenski denovi 2013 1

You May Also Like