Започнува 50-та Струмичка ликовна колонија

Со ретроспективна изложба на дела создадени во изминативе 49 години, вечерва (понеделник, 5 август) во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе биде отворена јубилејната 50. Меѓународна струмичка ликовна колонија 2013.

ck_anton_panov_strumica

На колонијата ќе учествуваат 23 уметници од земјава и од Србија, Црна Гора, Полска, Русија, Турција, Италија и Бугарија. Тие во наредните 15 дена ќе создаваат нови дела во рамкуите ан една од најпознатите колонии во светот.

За јубилејното издание на колонијата организаторот ги покани и доајените на македонското сликарство: Глигор Чемерски, Ана Темкова и Газанфер Бајрам, кои се учесници на колонијата од самиот почеток.

Во рамките на годинешново издание на колонија, по 20 пат ќе работи и студиото за мозаик под менторство на академскиот сликар Александар Филев.

Традиционално овој настан се одржува под покровителство на Министерството за култура и Општина Струмица. Делата создадени на јубилејното издание ќе бидат изложени на 11 септември, на денот на ослободувањето на Струмица.

You May Also Like