Започна турнирот во мал фудбал „8 Септември“

Со одигрување на ревијален натпревар помеѓу тимовите на “Локалната самоуправа и спортските работници” и “Легендите на ФК Вардар” вчеравечер (07 септември, сабота) свечено беше отворен традиционалниот фудбалски турнир „8 – ми Септември“.

fudbalski_turnir_8-mi_septemvri_20131

На свеченото отворање на овој турнир се обратија градоначалниците на Град Скопје и Општина Гази Баба, Коце Трајановски и Тони Трајковски.

Трајановски ги поздрави присутните и им го честита 8-ми Септември, Ден на независноста на Република Македонија, по кој повод се одржува овој турнир. На натпреварувачите на овој турнир, кој од година во година станува се помасивен, им посака успех и добра игра.

Ревијалниот натпревар заврши со победа на тимот на “Легендите на ФК Вардар” со резултат од 2:1.

На турнирот „8 – ми Септември“ годинава учество ќе земат повеќе од 60 фудбалски екипи и истиот ќе се одржува во спортското игралиште во населба Триангла, Општина Гази Баба.

Фудбалскиот турнир „8 – ми Септември“ се одржува по 6-ти пат и е во организација на “БА-ТУ-ТА Скопје”, истиот е финансиски поддржан од страна на Град Скопје и Општина Гази Баба, додека медиумски покровител на турнирот е Спортско радио 90,3.

fudbalski_turnir_8-mi_septemvri_2013_2

You May Also Like