Со претставата „Македонска приказна“ на Театарот за деца и младинци од Скопје, синоќа (недела, 21 јули) во Велес започна „Топлиот културен бран“.
До 30 јули ќе се одржи концерт на популарна музика и промоција на книга од велешката поетеса Нада Алексова, концерт на „Синтезис“, како и гостување на Културно уметнички друштва од Хрватска. , велат од Општина Велес.
Од 20 до 31 август покрај стандардните концерти и промоции на велешки автори, од Министертсвото за култура ќе биде преземен концертот на Кристина Арнаудова и Ансамбл „Келтикум“. Претставувањето на културата од стрнство во втората етапа на „Топол културен бран“ е застапена со концерт на Тамбурашкиот оркестар „Равница“ од збратимениот град на Велес, Сомбор.