Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски прими делегации од фолклорните друштва кои настапуваат на четвртиот Меѓународен фолклорен фестивал Гази Баба кој ќе се одржува во периодот од 5 до 8 јули 2013 година.
Фестивалот е во организација на Општина Гази Баба и Градот Скопје, претставувано од Домот за култура Кочо Рацин, подржан од Министерството за култура на Македонија.
На оваа манифестација покрај домаќинот ансамблот за народни песни и игри “Јонче Христовски“ – Скопје , учество ќе земат Фолклорна група“ Есбарт Марболени“
Шпанија, Фолклорна група “Трискеле“ Сицилија, Фолклорен ансамбл “Черемош“ Украина, Фолклорна група“ ТУАНА“ Турција. Куд “ Станко Пауновиќ“ Србија и Куд “Дрита Дервени“ – Скопје.
За време на нивниот престој ќе се одржат четири концерти – отворањето беше синоќа (петок, 5 јули) на Плоштад Македонија, а денес (сабота, 6 јули) концерт ќе има во Општина Ѓорче Петров, на 7 јули во Скопска чаршија и затворањето на Меѓународниот фолклорен фестивал ќе биде на 8 јули на Плоштад Автокоманда со почеток во 20:30 часот.