Ликовни уметници од Албанија, Русија, Црна Гора, Бугарија и Македонија од средата (27 јуни) до 11 јули ќе учествуваат на третата Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања 2012“.
Целта на Колонијата е секоја година да се собираат еминентни уметници од регионот и од карневалските градови, инспирирани од убавините на Вевчани и неговите извори, да создаваат уметнички дела кои ќе придонесуваат за поголемо меѓусебно запознавање и зближување.
Меѓу македонските уметници се Трајче Јанчевски, Глигор Чемерски, Павле Кузманоски, Илија Кавкалески, Илија Пенушлиски, Таки Павловски, Костадин Качев, Стефан Хаџиниколов, Данчо Ордев, Решат Амети, Петар Попчев, Никола Иванов Балтон, Емил Шулајковски, Оливера Велкова, Владимир Темков, Јулијана Гешоска, Александар Филев, Војдан Запров, Стеван Поповски, Менсур Бојда и Владимир Симеонов.
Колонијата, која се одржува во комплексот ВИА Игнација, е во организација на Фондацијата за стратешки истражувања „Киро Глигоров“ и ДОО ВИА Вевчани.