Денеска (24 јули, среда) во хотелот „Александар Палас“ во Скопје започна 4-тата глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора, која годинава е посветена на 100-годишнината од Букурешкиот договор и Балканските војни.
Влатко Лозановски, македонската музичка група Калевала и гласникот на ромската култура Бајса Арифовска ќе бидат главните музички имиња кои годинава, во четврток (25 јули) со почеток во 20:30 часот ќе ги забавуваат учесниците на четвртата по ред глобална конференција на Обединетата македонска дијаспора.
Културната програма ќе се одвива во просториите на хотелот Александар Палас во Скопје, Македонија. Влезот е отворен за сите посетители.