По повод официјалното завршувањето на 8-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2013“, во организација на Музејот на град Скопје, утревечер (20.08.2013 година, вторник) во 20:00 часот, во хотел „ЅtoneВridge“, во Скопје, ќе бидат презентирани делата на уметниците учесници во колонијата.
Утревечер (вторник, 20 август), на затворањето на овој традиционален културен настан во хотел „ЅtoneВridge“ ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
8-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2013“ е под покровителство на Град Скопје.