Завршна изложба „Музејот-пријател на децата“

По повод завршувањето на проектот „Музејот – пријател на децата“, денеска (петок, 28 февруари 2014) со почеток во 15:00 часот, во конференциската сала на Музејот на македонската борба ќе биде поставена изложба на создадените дела од повеќемесечната работа.

На манифестацијата ќе бидат доделени награди и пофалници за најуспешните учесници во проектот. Музејот на македонската борба – Скопје го започна проектот „Музејот – пријател на децата“ во ноември минатата година. Со проектот беа опфатени повеќе од 130 ученици од 9 основни училишта од Македонија кои учествуваа во ликовните и литературните работилници што се одржуваа во музејот. Учениците твореа на теми од музејската поставка што им оставиле најголем впечаток.

You May Also Like